Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСкопје – Софија со воз, до 2020

Скопје – Софија со воз, до 2020

Mакедонија и Бугарија железнички ќе се поврзат во 2020 година изјави, Ирфан Асани директорот на македонски железници инфраструктура по средбата со неговиот колега, Милчо Ламбрев од бугарската национална железничка инфраструктурна компанија.

“Ако се оди според планот за четри години предвидено е да завршат сите градежни работи на пругата кон Бугарија и во 2020 година Скопје и Софија ќе се поврзат и по железнички пат”, изјави Асани.

Ламбрев пак информираше дека бугарските железници проектираат нови траси на железничката линија кон Македонија.
“Ние ќе ги завршиме градежните работи до 2020 година, и како компанија сме подготвени железнички да се поврзиме и преку старата траса, иако паралелно ја градиме и новата траса кон границата со Македонија“, рече Ламбрев.