Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмСкопје ќе живее во магијата на филмовите

Скопје ќе живее во магијата на филмовите

Под мотото  ,,Филмови музика и вино” годинава за прв пат ќе се одржи фестивалот на музички документарни филмови ..Скопје Cinema City. 2015

MOVIE

Фестивалот вклучува 5 фестивалски вечери, од 1. до 5. јули 2015, кога во просторот на Сули Ан (Факултетот за ликовни уметности) во Старата скопска чаршија, ќе бидат прикажани 13 музички документарни филмови од домашна и од странска продукција, кои на авторски својствен начин ја обработуваат темата на музиката: биографски, промотивни, но и филмови со силна социјална тематика.

Целта на овој фестивал кој се одржува во склоп на ,,Скопско лето 2015” меѓудругото е и приближување на    македонската со европските и светските музички и филмски култури. За таа цел,  фестивалот секоја година ќе има различна земја-партнер. Годинава тоа е Германија и со поддршка на Германската амбасада, во Скопје пристигнува и режисерот Ули Шупел, авторот на „Nick Cave – The Road to God Knows Where”