Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСкок без падобран за влез во историјата!

Скок без падобран за влез во историјата!

Скокањето со падобран не е за оние со слаби живци, но скокањето од авион без падобран е веќе екстремен спорт на комплетно друго ниво. Лук Ајкинс овој викенд ќе се обиде да скокне од повеќе од 7.000 метри висина без падобран, а скокот ќе биде во живо пренесуван на телевизија.

„Да не сум нервозен би бил глуп. Зборуваме за скокање без падобран и го сфаќам тоа доста сериозно. Тоа во никој случај не може да биде шега“, вели Лук. Лук до сега има изведено 18.000 скокови. Прв пат скокнал од авион на само 12 години. Има тренирани неколку врвни скокачи, работел и како каскадер во неколку филмови, вклучувајќи го и „Iron man 3“.

Skok-2

Тој и неговиот тим со месеци го планирале скокот и смислиле мрежа на која ќе слета. Нејзините димензии се 30 со 30 метри. „Можеби мрежата се чини голема кога ја гледате од земјата. Но, таа е речиси невидлива за голо око од 7.000 метри висина“, објаснува Лук.

Skok-3