Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСклучен првиот геј брак во Грција

Склучен првиот геј брак во Грција

Во Грција денеска е склучен првиот геј брак помеѓу двајца мажи, лекар и наставник. Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис денеска го потпиша првиот договор за граѓанско партнерство меѓу истополова двојка во Грција.

За време на церемонијата на потпишувањето во неговата канцеларија, Каминис на сопружниците им изрази најдобри желби за нивната иднина и истакна дека денеска е првиот ден од спроведувањето на законот кој дозволува истополови цивилни партнерства и е многу значаен ден за граѓанските права во Грција и за усогласување на земјата со реалноста во светот.