Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСкандал во хрватскиот фудбал, репрезентативците си ги бараат ветените пари

Скандал во хрватскиот фудбал, репрезентативците си ги бараат ветените пари

Утрово голем скандал ја потресе фудбалска Хрватска, откако неколку фудбалери на „коцкастите“ кои настапија на Европското првенство во Франција, се побунија дека не го добија тоа што им беше ветено, пишуваат тамошните медиуми.

Имено, на хрватските фудбалери им беше ветена премија за постигнатиот успех во Франција, но и по два месеци фудбалерите сè уште ги немаат добиено паричните средства. Хрватска од настапот на ЕП заработи над 4 милиони евра од кои две треба да бидат поделени на фудбалерите, но ништо од тоа.

Новиот капитен Лука Модриќ најавил дека нема да се откаже од тие средства и ќе побара по брза постапка да се исплати ветената премија која пред ЕП во Франција беше договорена од страна на претседателот на федерацијата, Давор Шукер и тогашниот капитен Дарио Срна.