Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСкандал на судењето на Чауш, вработени во МВР неовластено снимале

Скандал на судењето на Чауш, вработени во МВР неовластено снимале

Полицајци облечени во цивилно, неовластено влегле и снимале на судењето на Захир Бекири Чауш. Судијката Гордана Спировска кога ги забележала дека снимаат без дозвола видно вознемирена им наредила да ги избришат снимките.

Но, полицајците и покрај тоа останале во судницата.

Во судница се забранети снимања и фотографирање без дозвола на Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија.

Судскиот процес протов Закир Бекири – Чауш  и неговиот брат се води за таканаречената „Фабрика за афери“ за фалсификување лажни лични карти и документи.