Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО ќе бара на јавна седница да се разгледува жалбата за притворот на Грујевски

СЈО ќе бара на јавна седница да се разгледува жалбата за притворот на Грујевски

СЈО од Апелација ќе бара јавна седница за разгледување на жалбата за притворот на екс-началникот на петтата управа, Горан Грујевски.

Грујевски е обвинет во предметите „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“, за кои веќе е започнат процес во Кривичен суд.

Кога ги поднесоа обвиненијата, СЈО повторно побараа притвор за него, но Кривичен суд само го одзеде неговиот пасош.

Жалбите за неодредување притвор на обвинетите во предметите на Специјалното јавно обвинителство уште се на разгледување во Кривичен суд. Исто така, во процедура на разгледување се и жалбите на бранителите на обвинетите, за одлуките за одземање на патните исправи.