Friday, May 17, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО го обжали решението за куќен притвор на Горан Грујоски

СЈО го обжали решението за куќен притвор на Горан Грујоски

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) најави дека ќе поднесе жалба до Апелација поради одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд за преиначување на притворот на Горан Грујоски во куќен притвор.

СЈО бара Грујоски да остане во притворското одделение во Шутка затоа што според доказите со кои располагаат постојат околности за загрозување на постапката ако тој биде сместен во куќен притвор. Кривичниот совет во состав од тројца судии вчера одлучи дека одлуката на судијата на претходна постапка треба да биде преиначена во мерка – куќен притвор.