Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО е под закана, „Шарените“ повторно на протест

СЈО е под закана, „Шарените“ повторно на протест

Демонстрантите од „Шарената револуција“ прашуваат дали Уставниот суд, оформен во име на граѓаните и платен со пари на граѓаните да се произнесе за Специјалното јавно обвинителство? Или планира да го укине?

Додека чекаат одговор на ова прашање, прогонот врз демонстрантите се уште трае. Наместо повлекување на пријавите, добиваме информации за нови прекршочни и кривични, се вели во денешниот проглас на „Шарената револуција“.

Токму затоа не се откажуваат од демонстрациите и повикаа на голем собир на граѓаните денес во 18 часот пред СЈО кое сметаат дека и понатаму е под закана.