Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО бара притвор за 11 осомничени во „Транспортер“

СЈО бара притвор за 11 осомничени во „Транспортер“

11 осомничени во случајот Транспортер треба да бидат повикани на распит од Кривичниот суд во Скопје. СЈО бара притвор за 11 лица, но не и за градоначалникот на Битола Владимир Талески кој е аболициран од претседателот на државата. Освен тоа, специјалните обвинители бараат и конфискување на 3 стана, 8 автомобили и 33 автобуси.

Во овој случај со криминалот со превозот на ученици осомничени се и претседателот на Комисијата за јавни набавки во Битола, директори на основни и средни училишта, како и превозници кои ја потпишувале и наплаќале двојно повисоката цена за превозот.