Tuesday, May 21, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСиноќа претепан затвореник во штипскиот затвор

Синоќа претепан затвореник во штипскиот затвор

Инцидент, вчера вечерта во штипскиот затвор. Вработен во Затворот во Штип пријавил дека пронашле повреден затвореник, кој е пренесен во болница. Докторот кој го прегледал затвореникот констатирал тешки телесни повреди со скршеница на носот и има скршеница на ребро од десната страна.

Станува збор за 40 годишен затвореник од тетовско Нераште, кој кажал дека несакајќи се лизнал и паднал пред вратата на неговата келија.

Од Клиничката болница во Штип портпаролката Марина Шуманска одговори дека во болницата нема таков пациент. Директорот на Затворот, Васил Коцев, како и во други вакви случаи, не одговараше на неговиот мобилен телефон. Извор од затворот го потврди случајот, со објаснување дека затвореникот тврдел дека скршениците на носот и реброто му се од пад, откако самиот се лизнал.

Инаку, пред недела дена затвореници од истиот затвор упатија апел јавно за помош на затвореник, кој крварел откако сам си ги повредил рацете. Истиот затвореник беше пренесен на Клиниките во Скопје, од каде, според информациите, пак е вратен во Затворот во Штип.