Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСилен земјотрес со интензитет од 7 степени го погоди Мјанмар

Силен земјотрес со интензитет од 7 степени го погоди Мјанмар

 

Геофизичкиот институт во САД сопшти дека силен земјотрес со интензитет од седум степени го погоди северозападниот дел на Мјанмар. Епицентарот на земјотресот бил на сто километри во насока на север-северозапад од градот Моунјоа, на длабочина од 135 километри.

Земјотресот е почувствуван во источниот индиски град Гувахати. Според германскиот Центар за геофизички истражувања земјотресот бил со интензитет од 7,1 степен.

Инаку, досега нема податоци за жртви или уривања.