Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаШтрајкот на УПОЗ ставен во мирување

Штрајкот на УПОЗ ставен во мирување

Судските работници го ставија во мирување речиси двомесечниот штрајк, откако деновиве ја анализирале актуелната состојба. Едногласна била оценката дека судската и извршната власт се незаинтересирани за дијалог и изнаоѓање решение по барањето од штрајкот. Истовремено, било оценето дека штрајкувачите биле максимално единствени да истраат во своите оправдани барања.

„Судската и извршната власт со својот игнорантски однос и незаинтересираност кон штрајкот и барањето на штрајкувачите во изминатите 58 дена, како и незаконското казнување на штрајкувачите со задршка од нивните плати од 40%, создадоа невиден хаос во судовите и сакаат да предизвикаат поделеност и не единство меѓу вработените со цел да го скршат штрајкот.Имајќи го во предвид изнесеното, а согласно Законот за судовите, според кој годишните одмори во судовите почнуваат од 15 јули и за овој период се извршуваат само нужни работи, односно уште помалку работи од колку за време на штрајк, Синдикатот на УПОЗ и ЗСА зазедоа став дека за овој период штрајкот ќе мирува“, стои во денешното соопштение на УПОЗ.

Од таму велат дека доколку штрајкувачите по ставањето на штрајкот во мирување се соочат со притисоци и закани од судската власт, Синдикатот и Здружението веднаш ќе го активираат штрајкот и истиот ќе продолжи со поголем интензитет од досегашниот.

На последниот состанок меѓу УПОЗ и ЗСА, како што информираат, било констатирано дека судската и извршната власт и понатаму се незаинтересирани за дијалог и за наоѓање решение за барањата на штрајкувачите.

„Судската и извршната власт со својот игнорантски однос кон штрајкот и барањата на штрајкувачите во изминатите 58 дена, како и со незаконското казнување со намалување на нивните плати од 40 отсто, создадоа невиден хаос во судовите и сакаат да предизвикаат поделеност, со цел да го скршат штрајкот“, се вели во соопштението.