Friday, Nov 24, 2017
HomeИздвојувамеШто се готви во кујните на ВМРО и СДСМ?

Што се готви во кујните на ВМРО и СДСМ?

vmro sdsm

Кога бев дете, уште во основно, редовно им приредував стресни изненадувања на мама и тато. Од оценки, до тепачки, кршење прозори… прав малолетен бандит. Напаст. Ова се случуваше 7 години, од 5 одделение, до трета година во средно, па моите насобраа искуство. Затоа секогаш кога немаше никаков инцидент подолго од еден месец, татко ми исплашено ќе и речеше на мајка ми да тркне до школо, пошто е сигурен дека нешто спремам. И да, во 99% од случаите човекот беше во право. Денеска, 20тина години подоцна и јас го имам истото чувство, а немам деца. Денеска го разбирам стравот во неговиот глас.

По 5 месечно политичко малтретирање на народот во Македонија, политичката ситуација е мирна веќе неколку дена. Сепак, наместо мир јас чувствувам страв. Едноставно знам дека нешто лошо се подготвува. Политика пратам повеќе од 10 години, а нашите политичари се попредвидливи од нескротлив тинејџер, па многу е лесно да се претпостави кога готват нешто. Прашањетото е само што.
mitingg
Веќе поодамна на сите ни е јасно дека и едната и другата политичка опција си имаат свои медиуми, каде ја раскажуваат својата вистина. Овие медиуми имаат свои „експерти“ кои знаат се. Нормално, ако експертите од едните речат дека нешто е бело, експертот од спротивниот табор со живот гарантира дека е црно. И едните и другите си имаат свои следбеници и подржувачи, па си тераат политика. Доколку сте политички слепо определени, немате никаков проблем. Во букмаркс си ги меморирате омилените портали, на тв на 1,2,3… си ги меморирате посакуваните канали, си купувате весник од вашата боја и животот е полесен. Оние кои ги читаат и гледаат другите медиуми, ги прогласувате за бескичмењаци со испран мозок и едвај чекате да дојдете/останете на власт за да им покажете колку се глупи.

Но, што ако не сте политички определни и имате мозок кој редовно го користите? Тогаш ќе морате да ги читате/гледате и едните и другите, за да дојдете до вистината. Со ова не сакам да кажам дека во Македонија нема неутрални медиуми, но во ситуација на затворени преговори на политичките лидери, само медиуми блиски на политичарите можат да дојдат до некаква инормација. На неутралните им останува да пренесуваат официјални изјави и ништо друго, затоа што немаат никава шанса да дознаат што се случило на затворените средби.

Читањето на медумите од различните табори е како слушање на приказните на две дечиња, кои скришиле вазна додека вие не сте биле во собата. Од меѓусебни обвинувања, до шарени змејови кои долетале од прозорот и ја бутнале. Сепак, како и со децата, така и со платениите експерти, ако се концентрирате и ги поставите вистинските прашања, тие самите ќе се издадат. Па, од досега понуденото на политичката сцена и блиските медиуми, едноставн е да сфатиме дека вазната всушност ја скршиле заедно, борејќи се кој да ја присвои и уновчи. На нив во моментов воопшто не им е гајле за вазната, па ни за вас, само би сакале вината да падне врз противникот, а со тоа тие како ваш искрен поткажувач и чувар да ја добијат вашата доверба. Секако откако ќе ја имаат довербата ќе посакаат да ги оставите сами во куќата, затоа што нели, нема зошто да се плашите.

Со други зборови и без метафори, виновни се и едните и другите, а цената ќе ја платиме ние, граѓаните. Ова веќе неколку пати го најавија и двата табора. Обвинувајќи го противникот, се сложија дека целава политичка криза ќе се одрази врз економијата на замјава, односно по џебот на граѓаните. Како точно тоа ќе се изведе, ќе дознаеме наскоро.

Автор:Пацифист