Thursday, May 2, 2024
HomeАНТИСТРЕСХороскопШто мислат за вас останатите хороскопски знаци?

Што мислат за вас останатите хороскопски знаци?

Како Овенот ги гледа другите знаци:

Бик – премногу спор, неактивен, досаден.
Близнаци – цар.
Рак – преголем плачко.
Лав – добар, но не сака да признае дека сум подобар од него.
Девица – чудак, но може да биде добро друштво кога сум осамен.
Вага – неодлучна, премногу се труди да ме смири.
Скорпија – искрено, немам мислење за неа.
Стрелец – супер забавно друштво.
Јарец – редовен кавгаџија, дури и кога е во право морам да му контрирам.
Водолија – нешто сериозно не е во ред со неа.
Риби – неверојатно слаби, без став.

Како Бикот ги гледа другите знаци:

Овен – премногу нестрплив, по малку и агресивен.
Близнак – опушти се човеку.
Рак – одличен е, но има сериозни проблеми со емоциите.
Лав – на никој не му е гајле за тебе, престани да се фалиш.
Девица – ми се допаѓа што е организирана, но некогаш е напорна.
Вага – ми се допаѓа, но бара да ја третирам како кралица.
Скорпија – забавна е. Не ја разбирам најдобро, но ми се допаѓа што има уметнички дух.
Стрелец – ми се допаѓа како личност, но не и начинот на кој се однесува.
Јарец – супер е затоа што сака да наредува, а мене ми треба некој да ме раздвижи.
Водолија – ништо позитивно, затоа ќе премолчам.
Риби – слатки, но ништо посебно.

Како Близнаците ги гледаат другите знаци:

Овен – забавен е, но има проблеми со бесот.
Бик – дооооосаден.
Рак – не ми се допаѓаат промените на расположението.
Лав – премногу се фали, па затоа е забавен кога не сфаќа дека го зезам.
Девица – мислам дека има опсесивно компулсивно пореметување.
Вага – премногу се грижи околу својот излгед.
Скорпија – кој?
Стрелец – забавен е за глупости, но треба да си го реши проблемот со бесот.
Јарец – се лути ако го допреш, затоа подалеку од мене.
Водолија – понекогаш можеш да разговараш со неа, но често знае да ме извади од такт.
Риби – премногу фантазира и не е забавно друштво.

Како Ракот ги гледа другите знаци:

Овен – зошто е толку груб?
Бик – знае да помогне, има добра душа.
Близнаци – не ми се допаѓа што семејството не му е на прво место.
Лав – премногу е заљубен во себе, а не сфаќам зошто. Не е ништо повеќе од другите.
Девица – симпатична, смирена.
Вага – добра, но се грижи без причина, па станува напорна.
Скорпија – одлично, баш тоа што ми треба.
Стрелец – чудак! Ми се чини дека не му се допаѓам.
Јарец – некои мислат дека наредува, но јас го сакам и таков.
Водолија – што не е во ред со неа?
Риби – сродна душа.
horoskop 2
Како Лавот ги гледа другите знаци:

Овен – не е лош, но јас сум подобар.
Бик – не е мој тип, подалеку.
Близнаци – премногу зборува, но може да е забавен.
Рак – пријатен, има добар карактер, но многу е срамежлив.
Девица – не се грижи, чевлите и торбата ти одговараат. Сега, може да разговараме?
Вага – брзото размислување за неа е мисловна именка.
Скорпија – од непозната причина не сака да се дружи со мене. Како и да е…
Стрелец – Најјак!
Јарец – зошто си толку строг кон себе, а и кон мене?
Водолија – чудна е.
Риби – не. Никако.

Како Девицата ги гледа другите знаци:

Овен – потребно е да си ги утврди границите.
Бик – океј, ама малку мрзлив.
Близнаци – ужас, не знам кој ќе го пофали.
Рак – добро, знае да помогне ако треба.
Лав – ме вади од такт.
Вага – не ја знам доволно добро, но ми изгледа ок.
Скорпија – шармантна, сепак не можам да ја пофалам.
Стрелец – забавееееен!
Јарец – секогаш ќе ми биде омилен.
Водолија – зошто е толку мрзлива за да ги заврши обврските, а за забава е секогаш подготвена?
Риби – премногу фини. Премногу за мој вкус.

Како Вагата ги гледа другите знаци:

Овен – премногу разигран за мој вкус.
Бик – хм, добар е, ама не нешто… не би го земала здраво за готово.
Близнаци – интересен соговорник, одличен за совети.
Рак – романтичен, пријатен кон другите, но постојано го менува расположението.
Лав – шармантен, но и арогантен.
Девица – секогаш сака да го достигне совршенството. Сакам и јас, но не по секоја цена.
Скорпија – малку ме плаши.
Стрелец – хаотичен, но супер лик. Имаме слични интереси.
Јарец – и од него малку се плашам.
Водолија – одлична смисла за хумор, но често знае да ги повреди другите.
Риби – ми се допаѓа нивната личност, но премногу се срамежливи, па не знам за што би разговарале.

Како Скорпијата ги гледа другите знаци:

Овен – хахаха, не!
Бик – ми се допаѓа, за пријател.
Близнаци – премногу зборува. Всушност не престанува, исклучете го од струја!
Рак – хм, добар, но мирен и повлечен за мој вкус.
Лав – не е така лош како што кажуваат сите.
Девица – не сум сигурна дека имам какво било мислење за неа.
Вага – забавна, но не е доволно одлучна.
Стрелец – забавен, но премногу детинест.
Јарец – одличен, сериозен и одлучен, ми се допаѓа!
Водолија – немам време за такви луѓе.
Риби – симпатични, но срамежливи. Не сакам да им влечам зборови од уста.
horoskop
Како Стрелецот ги гледа другите знаци:

Овен – супер, само премногу се натпреварува.
Бик – не е баш забавен за глупости, но ја цени мојата смисла за хумор, па е добар пријател.
Близнаци – забавни! Сакам да се дружам со вакви луѓе.
Рак – би требало да излегува повеќе, кога е дома пропушта толку забави работи.
Лав – го обожавам!
Девица – ме нервира. Кој може да чисти 2 часа, кога има многу позабавни работи во животов?
Вага – ме оптоварува со неважни детали, но е добар пријател.
Скорпија – не знам што да кажам. Премногу е мистериозна.
Јарец – зошто има толкава одбивност од мене?
Водолија – феноменална личност! Секогаш кога одам по нејзин памет си поминувам незаборавно.
Риби – не ми се допаѓаат, досадни се.

Како Јарецот ги гледа другите знаци:

Овен – добро, што прави со животов?
Бик – ми се допаѓа, одличен е, но мора да се активира.
Близнаци – те молам, замолчи!
Рак – премногу сентиментален, но сака кога ми прави услуги, па често го користам.
Лав – и ти замолчи, те молам!
Девица – единствена личност на која можам да ѝ верувам.
Вага – не, не ми е симпатична.
Скорпија – мистериозна е, но ми се допаѓа.
Стрелец – немам доволно навреди во речникот. Мислам, погледнете го, тотален хаос!
Водолија – кој? Не знам таков човек.
Риби – дали тука само јас мислам дека Рибите имаат две лица?

Како Водолијата ги гледа другите знаци:

Овен – премногу ризикува, ме нервира.
Бик – вистински пријател, сакам кога е во близина.
Близнаци – супер за разговор, но не и за забава.
Рак – не сакам претерано чувствителни лица.
Лав – ајде престани да мислиш дека си најдобар кога не си.
Девица – зошто би се замарала околу тоа дали ламбата одговара со тепихот?
Вага – одлично друштво, иако знае да ми досадува со своите дилеми.
Скорпија – интересна, но ништо посебно.
Стрелец – најзабавната личност на светот! Кога и да се најдеме на лудилото му нема крај.
Јарец – воопшто не ми се допаѓа.
Риби – и за нив не сум сигурна дека ги сакам.

Како Рибите ги гледаат другите знаци:

Овен – зошто е постојано лут?
Бик – прекрасен и доверлив пријател.
Близнаци – неговите шеги се смешни, но и злобни.
Рак – сладок е и секогаш искрен.
Лав – не би да го налутам, се плашам дека ќе ме повреди.
Девица – премногу строга, треба малку да се опушти.
Вага – многу ми се допаѓа, има сестрана личност.
Скорпија – не знам зошто сите ѝ се плашат, мене ми е супер пријател.
Стрелец – никогаш не ги напаѓај послабите, тоа имам да им кажам.
Јарец – иако е доста омразен и често ги напаѓа другите, мислам дека не е лоша личност.
Водолија – ми се допаѓа што е ексцентрична.