Tuesday, Mar 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСХороскопШто ви носат ѕвездите, неделен хороскоп

Што ви носат ѕвездите, неделен хороскоп

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе се најдете во доста тешки ситуации, но многу успешно ќе ги пребродите. Избегнувајте работи поврзани со недвижнини и немојте да бидете премногу сигурни во вашата мудрост. Нема да имате многу настани, па одморете се и соберете сила која ќе ви биде потребна за наредните денови.

Бик (21.04 – 21.05)

Многу лесно воспоставувате контаки и го постигнувате тоа што вас ви е потребно. Ова првенствено се однесува на љубовта. Многу припадници на знаков доживуваат незаборавни моменти опиени од нежните љубовни моменти. Заборавете на проблемите и парите, посветете и се на љубовта.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денеска какви и да се вашите цели и намери ќе приметите дека сите околности ви одат од рака. Бидете што поамбициозни и обидете се да промените нешто во вашата работа и кариера. Потрудете се денеска ако сакате да оставите подобар впечаток на некого кој ви е многу важен.

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе почуствувате потреба за искрен разговор со личност која без страв може да ги открие сите свои тајни. Доколку постои некој таков не се срамете да побарате дел од неговото време. После разговорот ќе се чуствувате подобро и поведро и тоа до толкава мера што вечерта би можеле да тргнете во потрага по забава.

Лав (23.07 – 22.08)

Особено поволно ви е нагласено пишувањето и стекнување на материјални богатства. Од вашиот партнер ве очекува материјална подршка. Тој навистина знае да ве мотивира за да го промените својот пристап кон врската и тоа во позитивна смисла.

Девица (23.08 – 22.09)

Работите како што се семејните финансии, наследството, даноците или алиментацијата би можеле сериозно да ве погодат. Вашата потсвест би можела силно да делува врз вашето расположение денеска. Ќе се почуствувате осамени и напуштени. Ослободете се од црните мисли.

Вага (23.09 – 22.10)

Односите со луѓето ќе бидат доста интензивни и интересни, но односите со претпоставените проблематични. Со една личност која многу ви значи како пријател не ќе можите да воспоставите однос како што сакате. Нешто ќе се попречи помеѓу вас. Работниот живот носи нови работни задачи.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Потполно сте запловиле во деловните води. Сте загризале многу цврсто, но се повеќе ви се чини дека стоите во место. Нема да уживате во друштвените контакти, бидејќи ќе мислите дека тоа време можете попаментно да го искористите. Со мислите постојано ќе бидете кон работата.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Немате големи тешкотии, но кај вас ќе биде проблем насобраниот замор и внатрешното незадоволство. Ќе ви се чини како да немате избор и дека другите решаваат за вашата судбина.

Јарец (22.12 – 20.01)

Денот ќе ви донесе доста возбудувања и настани со кои ќе ја зголемите напнатоста. Повеќе ќе се движите отколку што ќе ги решавате проблемите, но сепак од тоа ќе извлечете некаква корист. Ќе мора контактите со луѓето да ги подобрите, а со тоа и ситуацијата на работното место.

Водолија (21.01 – 19.02)

Што повеќе луѓе и средби тоа подобро. Комуникативноста денеска е на прв план па ќе настојувате да ја спроведете на дело. Посетете ги вашите стари пријатели, а можете малку и да озборувате, но внимавајте без некому да наштетите. Тоа одлично ќе ве опушти.

Риби (20.02 – 20.03)

Многу брзате. Воопшто не мислите на тоа дека ќе ја искористите целата енергија и ќе западнете во друга крајност. Тоа е нормално и секого може да му се случи. Добрите и лошите работи во животот се менуваат, па затоа подгответе се за секакви моменти.

POST TAGS: