Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАСветШин Фејн бара обединување на Ирците во една држава

Шин Фејн бара обединување на Ирците во една држава

Националистичката партија Шин Фејн по изгласувањето на излез од ЕУ ќе побара свој референдум со кој Ирците ќе може да се спојат во една држава и да ги избришат границите меѓу Северна Ирска и Република Ирска.

shin fein

Барањето на политичкото крило на ИРА го поддржа и заменик првиот министер на Северна Ирска, Мартин МекГинис кој вели дека сега е вистинско време да и се стави крај на десничарската политика на Велика Британија која ако не е во ЕУ нема што да им понуди на Ирците.

Северна Ирска досега добиваше големи средства од ЕУ за одржување на мирот и прекин на судирите со протестантите. Да потсетиме дека и Шкотска ги разбуди националните чуства и без поддршка од ЕУ повеќе не сакаат да бидат дел од Велика Британија.