Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионШарената револуција со поддршка од Љубљана

Шарената револуција со поддршка од Љубљана

Шарената револуција и во Љубљана. Денеска во 18 часот, во паркот Тиволи, повторно ќе се одржи јавен собир на македонски граѓани кои во целост го подржуваат граѓанското движење Протестирам, а воедно и Шарената Револуција.

„Поканети се сите што живеат, работат или студираат во Словенија. Целта на собирот е јавно да се изрази поддршка до нашите сограѓани, кои неуморно протестираат секој ден во повеќе градови низ Македонија. Европската пратеничка Тања Фајон, во мејл, изрази директна поддршка за собирот, и посака граѓанските барањата конечно да бидат слушнати и во нашата татковина. Покрај големиот број на лажни обвинувања и напади, со кои се соочија организаторите на овој настан, собирот сепак ќе биде одржан“, се вели во повикот.