Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисШарапова суспендирана на две години поради допинг

Шарапова суспендирана на две години поради допинг

Марија Шарапова е суспендирана на две години поради користење на забранетиот лек мелодиниум, соопшти Меѓународната тениска федерација. Русинката, поранешна прва тенисерка во светот и освојувачка на сите четири Грен Слем турнири, на почетокот на месец февруари беше соопштено дека била позитивна на допинг тест за време на Австралијан Опен. Нејзината казна започна да тече од 26 јануари, а во однос на тоа дека таа има 29 години не е невозможно и на овој неславен начин да стави крај на својата кариера.

Шарапова тогаш изјави дека контроверзниот лек мелодиум, кој е забранет во поголемиот дел од земјите, а помага при проблемите со срцето, го зема цели десет години, како и дека е нејзина грешка тоа што не проверила дека споментатиот лек е забранет со почетокот на новата сезона.

Русинката во својата богата тениска кариера освои 35 титули во сингл, од кои пет Грен Слем титули. Два пати го освојуваше Ролан Гарос, а по еднаш останатите три најголеми тениски турнири во светот.