Thursday, May 2, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаШака Кан на лечење поради зависност од лекови против болки

Шака Кан на лечење поради зависност од лекови против болки

Американската фанк пејачка Шака Кан започнала со терапија поради зависност од лекови против болки, истите лекови од кои од прекумерена доза во април почина популарниот пејач Принц, соопштено е денес во Њујорк. „Шака Кан се бори против зависност од лекови против болки и доброволно се пријавила на лечење“, изјави менаџерот на 63-годишната пејачка.

Пејачката позната по презимањето на песните на Принц „I Feel for You“, како и хитовите „Ain’t Nobody“ и „I’m Every Woman“, ги одложи настапите и другите активности до август. Принц изненадно почина на 21 април годинава. А со обдукцијата беше утврдено дека во крвта имал прекумерена доза на многу силни лекови против болки на база на оксидони кои важат за опоидни аналгетици.