Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМари: Другите доктори го убија Мајл Џексон

Мари: Другите доктори го убија Мајл Џексон

Злогласениот доктор Конрад Мари во неговата биографска книга „Ова е тоа“ го опишува времето поминато се неговиот пациент, светската ѕвезда Мајкл Џексон кој во 2009-та почина од предозираност со лекови.

Мари тврди дека на пејачот му помогнал да се откаже од повеќе штетни лекарства кои ги земал за спиење и намалување на притисокот, но воопшто не бил информиран дека Мајкл Џексон е зависник од демерол кој ако создаде зависност кај пациентот може да биде смртоносен. Токму затоа ги обвинува другите доктори кои му препишувале лекарства.

Во обемната книга се раскажани голем број на „валкани“ тајни од животот на Мајкл Џексон, неговите зависности, проблемите со опијатите, како и сексуалните склоности кон млади девојчиња. Мари по судењето и одлежаната казна ја изгуби лекарската дозвола и се повлекол на Карибите каде работи како волонтер.