Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСедумнаесет мигранти пронајдени во возило кај Струмица

Седумнаесет мигранти пронајдени во возило кај Струмица

Вчера околу 23 часот при контрола на патничко моторно возило „Рено Еспејс“ со скопски регистарски таблички на местото викано „Свидовичка раскрсница“ во близина на Струмица, полициски службеници откриле 17 мигранти од Сирија од кои седум деца.

Како што информира МВР, полицијаците стопирале две патнички моторни возила „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А. (32) од Скопје и „Рено Еспејс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М. (34) од Скопје. Од извршената контрола и преглед во возилата во возилото „Рено Еспејс“ биле пронајдени 17 лица мигранти од Сирија, од кои 10 возрасни и седум деца. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Струмица.

По наредба на Јавен обвинител во 4:45 часот И.М. е предаден на Полициската станица за општа надлежност Струмица за понатамошна постапка, додека А.Б. е ослободен.

Мигрантите ќе бидат спроведени во Прифатниот центар за странци во Скопје.