Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСеад куртули од притвор, но сметките ќе останат „кочан“

Сеад куртули од притвор, но сметките ќе останат „кочан“

Сопственикот на Трансмет од вчера не е бегалец, туку бизнисмен на службен пат. Врховен го укина притворот за Сеад Кочан, но според адвокатите, сметките на Трансмет ќе останат замрзнати.

„Ако е укината мерката притвор, не влијае на изречените мерки за замрзнување на имотот, односно блокирање на неговиот имот. И тоа се различни видови обезбедување за присуство на обвинетиот, односно осомничениот, а другото е за обезбедување на имот за надомест на евентуална штета. Не влијае едно на друго. Ова би значело, ако ова е точно, дека може да се брани од слобода и да се врати од долгиот службен пат. Друго прашање е кој реши по таквото нешто, бидејќи знаеме дека СЈО даде поднесок со кој се повлекува барањето за заштита на законитоста“ – објаснува адвокатот Ѕвонко Давидовиќ на Фејсбук.
davidovic jankovic
„И не само тоа туку се поставува прашање кој решавал за укинување на притворот бидејќи првостепениот суд не решавал затоа што во мигов нема такви законски овластувања и затоа што не е во прашање продолжување на притворот кој не ни почнал да тече поради отсуство на осомничениот. Апелациониот не е затоа што нема жалба, по неа е одамна решено. Врховниот суд по предлог на Вангеловски допрва требаше да решава дали јавниот на РМ има право на БЗЗ пред Врховен за предметите на СЈО. По законот за СЈО само тие имаат право да застапуваат предмети од нивната надлежност во сите три степени , но кој знае до сега сме виделе се и сешто. Сфаровски и се е можно, дури е можно некој замрзнатиот имот да го смета за гаранција па да го укине притворот. Кој знае, ќе видиме, впрочем секој одговара за своите постапки и допрва ќе одговара“ – се вели во постот“.