Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСе враќаат облаците и дождот, денес понестабилно

Се враќаат облаците и дождот, денес понестабилно

Ако вчера имавме пријатен и сончев ден, денеска не очекува нешто понестабилно време со зголемена облачност, како и врнежи на дожд во попладневните часови. Утринските температури ќе се движат до 14 степени, а дневниот максимум ќе достигне до 21 степен. Ветарот ќе се засили во истиот период и ќе дува од северозападен правец со поголема јачина. Во Скопје температурните движења ќе бидат слични, наутро до 15, а попладне до 18 степени со периоди на дожд.