Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСе уште нема трага од исчезнатиот припадник на Министерството за одбрана

Се уште нема трага од исчезнатиот припадник на Министерството за одбрана

Семејството Чонтеви се уште трага по исчезнатиот Робертино кој пред една недела му се изгуби секаква трага. Тој исчезна на 24-ти откако од домот излегол со својот автомобил упатувајќи се кон Велес.

Робертино е висок 170 см и е роден во 1971 година, вработен е во Министерството за одбрана. Неговите колеги го пронашле службениот пиштол во домот на неговата мајка, па не се сомневаат на самоубиство.

Случајот е пријавен во полиција која собира информации за негово пронаоѓање. Мајката Милица Чонтева, бара помош од граѓаните што имаат каква било информација поврзана со нејзиниот изчезнат син да пријават на телефонскиот број 075/ 66 83 60.