Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСе стега ли “обрачот” околу раководството на Скопски пазар?

Се стега ли “обрачот” околу раководството на Скопски пазар?

Дали правосудните органи ќе ги потврдат сомнежите на вработените во Скопски пазар дека раководството на фирмата учествувало во криминал и дека наместо просперитет на компанијата и носело само долгови и тешка финансиска ситуација?

Вработените неколку пати преку медиумите апелираа дека надлжените институции мора да направат контрола врз финансиското работење на Скопски пазар и . да понесе одговорност. Се жалат на притисоци, уцени и закани, а при тоа се во ситуација кога платите постојано им доцнат, придонесите не им се плаќаат навремено, многумина немаат прилика да се лекуваат, и сето тоа им дава за право да се посомневаат дека раководството не е на ниво на задачата, напротив, тие сметаат дека нив ги интересира само лична корист.

Веке медиумите пренесоа дека вработените на последниот состанок со раководството директно побарале директорот и тимот околу него, полн со роднини и пријатели, да си заминат од функцијата кога не знаат да управуваат со компанија која само пред неколку години беше главен играч на пазарот.

Извесно станува дека сомнежите на вработените наскоро ќе ги потрдат и институциите. Да потсетиме дека веќе беа објавени информации дека Собранието на акционери на Скопски пазар на иницијатива и со поддршка на раководството на компанијата во два наврати во периодот 2006-2007 година повлекло вкупно 14.522 сопствени акции, кои што самата компанија претходно ги купила на пазарот за повеќе од 85 милиони денари, или близу 1.5 милион евра.

Се поставува прашање, кој бил интересот на компанијата да купи сопствени акции за близу 1.5 милион евра за непосредно потоа да ги повлече, што според познавачите на оваа област би било еднакво со купување на вреден имот заради негово натамошно уништување, наместо негова употреба или располагање заради остварување на добивка.

Aко се погледнат резултатите, односно последиците од оваа деловна акција, иницирана и поддржана од првите луѓе на компанијата, се јавува сомнение дека тие биле водени само од личен интерес. Токму ваквите игри со акциите може да го седнат раководството на обвинителна клупа. Но, дали со тоа завршуваат незаконските потези на Давитковски?

Имени, тој, како претседателот на Управниот одбор на Скопски пазар, како заинтересирана страна и спротивно на повеќе законски одредби од Законот за трговски друштва во изминатите неколку години соработувал, а не е исклучено и сè уште да соработува со фирмата „Сити фешн груп“ во која неговата сопруга Лилјана Давитковска, според документите од Централен регистар, поседува половина од основната главнина, а се појавува и во улога на нејзин управител.

 

Другата половина од оваа компанија е во сопственост на Марија Тасиќ, исто така сопруга на раководител во Скопски пазар.

 

Соработката меѓу Скопски пазар и Сити фешн груп се остварувала без претходно да биде одобрена од надлежен орган на СП, надзорниот одбор или собранието на акционери,а воедно остварената соработка, спротивно на законските правила, била прикриена од акционерите. Со ова се наметнува прашање дали Давитковски го оштетил Скопски пазар, прибавувајќи корист за „Сити фешн груп“, а со тоа и дали се јавува за сторител на кривично дело Злоупотреба при склучување договор меѓу заинтересирани страни, според член 275 од Кривичниот законик.

Познато е дека недозволената соработка на Скопски пазар со Сити фешн груп е утврдена од страна на независна ревизорска куќа, откако меѓу акционерите се јавиле сомневања за евентуални злоупотреби на средства на компанијата во зделки со заинтересирана страна, по што и дошло до ангажман на ревизор. Ова е уште една чудна реализирана зделка на Скопски пазар.

 

Тешката финансиска состојба која владее во компанијата, која одамна не бележи профит како што тоа беше порано, ја примора фирмата да ги издава маркетите под наем. Па така, некогаш далеку помалите и послабите, Зур и Кит – го, ги презедоа вработените и се вселија во продавниците на Скопски пазар. Пред да ги издаде на овие две фирми, компанијата преговараше со турски Рамостор, но преговорите пропаднаа. Потоа Рамстор поднесе тужба за да си наплати отштета од пропаднатите преговри, кои според тужбата прекинале по вина на Скопски пазар. И овој процес ќе биде актуелен периодов. Освен издавањето, фирмата и продава дел од својот имот, како што е последниот во Кавадарци.

 

Уште многу работи има што да се напишат за Скопски пазар, како она дека десет години се ветува нов Бит пазар во Скопје, но никако да се направи. И последната најава тешко дека ќе се реализира. Пазарџиите чии тезги без отстранети за потребите на реконструкцијата на пазарот со месеци останаа на друга локација каде воопшто немаат услови за работа, а мора да плаќаат кирија за тезгите.

Конечно, криминалното клопче во Скопски пазар наскоро ќе почне да се одмотува. Но дали само судот е доволен или ќе мора и други органи, особено инспекциските и финансиските, да го проверат работењето на компанијата.