Wednesday, May 8, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноСе превртел камион со 11 милиони пчели во Канзас!

Се превртел камион со 11 милиони пчели во Канзас!

Возачите на север од Канзас се соочиле со необичен проблем во сообраќајот кога се превртел камион кој превезувал меѓу осум и единаесет милиони пчели. Управата за сообраќај во Мисурија соопштила дека несреќата се случила во петокот на меѓудржавниот пат 435. Локалните функционери навеле дека нема тешко повредени во овој инцидент.

Локалните медиуми пренесуваат дека се превртел камион кој пренесувал од осум до единесет милиони пчели, шосле што голем број од нив одлетале во непознат правец.

Мет Виндстет, пчелар од Канзас, изјавил дека секоја кошница содржи околу 40.000 пчели, а дека камионот транспортирал околу 408 кошници.

Pceli-f2