Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВозач на камион изгубил контрола и паднал во ендек

Возач на камион изгубил контрола и паднал во ендек

Вчера околу 6 часот на влезот во Велес, на 250 метри пред кружниот тек, Ј.Р.(23) од кавадаречкото село Марена, управувајќи камион сканија и приколка шмиц, со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола над камионот.

Камионот почнал да се лизга по коловозот и удрил во бетонски столб, по што застанал.

Во тој момент Ј.Р. паднал од камионот во бездна. Од екипа на Итна медициснка помош Ј.Р. бил пренесен во Општа болница Велес, каде во 7.20 часот била констатирана смрт. Кај сопатникот Н.К. (27) од с.Чифлик, Демир Капија, не се констатирани повреди .

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Велес.

Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.