Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКамион пропадна во фонтаната на плоштад пред славјето за Вардар

Камион пропадна во фонтаната на плоштад пред славјето за Вардар

Камион на службите на град Скопје пропадна во новата фонтана на централниот плоштад Македонија за време на извршување на подготовките за пречек на ракометарите на Вардар кои нацијата ги очекува да ги поздрави и да им се заблагодари за огромниот успех. Засега се прават напори да се огради просторот околу камионот кој најверојатно нема да може навреме да биде отстранет од плоштадот каде ќе се соберат огромен број на навивачи.