Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСе најавува десничарски блок против ВМРО-ДПМНЕ на изборите

Се најавува десничарски блок против ВМРО-ДПМНЕ на изборите

Слично како во 2011-та се шират најави дека ќе се формира трет блок составен од десничарски партии чии лидери претежно се поранешни членови на ВМРО-ДПМНЕ, но сега со здружени сили ќе се обидат да и одземат многу гласови на партијата на Груевски.

Единствено Павле Трајанов од Демократски Сојуз даде изјава за 24 Вести.

„Ќе биде еден силен политички блок, кој во основа ќе настојува да ги промени системските работи во Република Македонија за одговорноста да биде на прв степен“-изјави Трајанов.

За да се одржи чисто десничарска идеологија помалите партии меѓу кои „Народна“ на Љубчо Георгиевски, Обединети за Македонија на Љубе Бошковски, ФРОДЕМ, ДЕМОС, МОРО и Достоинство на Стојанче Ангелов најверојатно нема да коалицираат со СДСМ на изборите на 11 септември.

sredba-branko-lubcho-5

Дел од нив веќе направија грешка на изминатите избори кога или одеа сами па недоволниот број на гласови не им обезбедуваше пратенички места или пак се претопуваа во најголемата опозициона партија.