Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСе фрлил во провалија пред вереницата, полицијата не може да го пронајде

Се фрлил во провалија пред вереницата, полицијата не може да го пронајде

Триесетгодишен жител на Пехчево синоќа околу 19:10 часот скокнал во провалија пред вереницата и нејзиниот вујко. Немилиот настан се случил на автопатот Скопје – Велес кај местото Ветерско, а и покрај потрагата која траела до полноќ, тој не бил најден.

Како што соопшти полицијата, најпрво се паркирал со возило на просторот кај Ветерско, потоа излегол од него и скокнал. Пребарување на теренот извршила екипа од ЕСЗ „Тигар“, но безуспешно.

Рано утрово околу четири часот Интерното одделение на ЈЗУ – Велес пријавило дека жителот на Пехчево по кого се трагало побарал лекарска помош,а бил донесен од негов роднина.

Се работи на целосно расчистување на случајот.