Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСе е готово, Рома го договори херојот на Ливерпул?

Се е готово, Рома го договори херојот на Ливерпул?

Според последните шпекулации Мартин Шкртел ја избрал Рома пред Интер и наскоро треба да потпише договор со тимот од италијанската престолнина. Имено, тој ја избрал Рома бидејќи сака да игра константно, иако нема никаква гаранција околу тоа ни таму бидејќи Спалети минатата сезона ги форсираше сега веќе повредениот Ридигер и гркот Манолас како стандардни дефанзивци.

Италијанскиот новинар Џулијанели тврди дека фудбалерот го кажал својот последен збор, како и тоа дека покрај понуди од Рома и Интер, Фенербахче и Волзбург исто така биле заинтересирани за потпис на Словакот. Се уште нема никаква официјална потврда околу овие шпекулации. Рома сигурно ќе се засили на повеќе позиции ова лето, а покрај Шкртел како можно засилување во одбраната се споменува и Видмер од Удинезе.