Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: За демократски промени сите се залагаат во државата освен Никола Груевски

СДСМ: За демократски промени сите се залагаат во државата освен Никола Груевски

Демократските процеси ќе продолжат и мора да се овозможи мирен трансфер на власта според мнозинската волја на граѓаните. Спречувањето на мнозинската волја оди на штета на сите граѓани, на штета на државата и институциите. ВМРО-ДПМНЕ не смее да ја држи државата во заложништво само за да спаси неколку криминалци, порача СДСМ.

„Ниту една закана, или насилна реторика, или провокација, од страна на Никола Груевски ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го спречи. За целата домашна и мегународна јавност е јасно дека Груевски и Иванов штитат криминали преку Парламентот и институцијата претседател на државата, а не државните интереси. Државните интереси ги одбранија граѓаните кога ги препознаа лагите за федерализации, тендецниите за бинационална држава на ВМРО-ДПМНЕ, како и желбата да се остане на власт за да се шират нафтени и бизнис платформи на фамилијата“, се наведува во соопштението.

Околу 700.000 граѓани затоа на кредибилите избори гласаа за напредок, заедништво, интеграција и добар живот за сите.Тоа е преточено во парламентарното мнозинство од 67 пратеници кое што има право но и обврска да избере нов претседател на Собранието и нова Влада, нагласува партијата.

„За демократски промени сите се залагаат во државата освен Никола Груевски и тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Мнозинската волја ќе се испочитува според Уставот, Деловникот на Собранието и законите. Македонија ќе добие легитимен претседател на Собранието, функционално Собрание и реформска Влада посветена на интересите на граѓаните на Македонија“, соопшти СДСМ.