Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ обвинува: Колапсот на РЕК Битола го плаќаме со увоз на поскапа струја

СДСМ обвинува: Колапсот на РЕК Битола го плаќаме со увоз на поскапа струја

Ниту еден од трите блокови од рударско-енергетскиот гигант РЕК „Битола“, кој обезбедува 80 од производството на струја во земјава, вчера не беше во функција. Од опозицискиот СДСМ реагираат дека главен проблем за колапсот на комбинатот е поставувањето партиски кадри на несоодветно место и недисциплината во извршувањето на работните задачи. Од партијата обвинуваат дека на овој начин државната каса губи десетици милиони евра годишно.

„Неработењето на РЕК Битола дополнително ги чини граѓаните поради увоз на поскапа струја.Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги сотреа граѓаните со нивните штетни, криминални политики. Граѓаните плаќаат поскапа увезена струја. Затоа за време на ВМРО-ДПМНЕ струјата поскапе за неверојатни 100%“ – стои во соопштението на СДСМ.

Од партијата ветуваат дека тие ќе го поттикнеле развојот на домашните енергетски капацитети, што ќе придонесе за зголемување на домашното производство на струја и пониска цена на струјата.

Реакција пристигна и од ВМРО ДПМНЕ. „Реализирани се повеќе инвестициони вложувања, како што е модернизацијата на турбо-агрегатите и ревитализација на ТЕЦ Битола за намлување емитување на Сулфур Диоксид, направен е проект за топлификација на Битола, Новаци и Могила, нешто за што СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација“, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.