Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Манифест на ВМРО-ДПМНЕ не помага, нема никакви преговори за амнестија!

СДСМ: Манифест на ВМРО-ДПМНЕ не помага, нема никакви преговори за амнестија!

Денес е 2017, не 1903. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ е составено од криминалци кои бараат спас за сопствената кожа, порача денеска СДСМ и додаде дека спасители на државата се граѓаните кои избраа промени.

„Затоа таканаречениот Манифест на ВМРО-ДПМНЕ не е ништо друго туку неуспешен обид за враќање во политичкиот живот на дефакторизираниот Груевски. Јасно порачавме, нема никакви преговори за амнестија!“, велат во соопштението од СДСМ.

Од партијата соопштуваат дека Македонија ќе биде правна држава и сите кои направиле криминал и злодела врз граѓаните ќе одговараат.