Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Груевски да прифати дека доаѓа нова Влада и да овозможи мирен трансфер

СДСМ: Груевски да прифати дека доаѓа нова Влада и да овозможи мирен трансфер

„Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да се вразумат, да прифатат дека граѓаните не ги поддржуваат и се опозиција и да овозможат мирен трансфер на власта. Ќе има и конститутивна седница, и мандат за составување Влада и нова реформска Влада на граѓаните на Македонија”, реагираа денеска од СДСМ на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ со кое партијата побара од Заев да избере помеѓу Македонците и намерите на Села.

Од СДСМ реагираа дека граѓаните гласале против, како што соопштија, милионските криминали и и уништување на судството, медиумите, образованието и здравството, а гласале за реформи, зголемување на минималната и просечната плата, квалитетно образование и здравство.

„Ова може да го види целата домашна и меѓународна јавност, освен Никола Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кои во обид да се спасат од одговорност прават поделби и шират омраза меѓу граѓаните, и за тоа дури злоупотребуваат и деца“, реагираа од СДСМ.