Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ го дуплира влогот: Ќе формира Министерство за дијаспора

СДСМ го дуплира влогот: Ќе формира Министерство за дијаспора

СДСМ излезе со нов предлог за формирање на министерство за дијаспора откако власта преку својата пропаганда успеа да го распарчи интегритетот на опозицијата во македонските заедници низ Европа, Северна Америка и Австралија. Контра предлогот на Груевски за 20 пратеника од дијаспората кои воопшто не одговараат на реалната состојба, СДСМ најави формирање на министерство за дијаспора во обид да го спаси својот углед и да контрира на тврдењата дека е против нашинците во странство да гласаат на претстојните избори.

„Колку и да сака да прикаже дека СДСМ е против гласањето на нашите луѓе од дијаспората, тоа едноставно не е точно. Најголем контраргумент е тоа дека дијаспората ЌЕ гласа. Правото на глас на нашите сонародници единствено беше загрозено од Никола Груевски, кој што се обидуваше на евтин начин, со само неколку стотини гласа, со амбасади претворени во партиски штабови на ДПМНЕ, да добива пратеници. СДСМ не ја разбира дијаспората како средство за добивање гласови. Ние се залагаме за суштинско поврзување на нашите иселеници од странство со матичната држава и затоа веднаш по смената на власта, ќе формираме Министерство за дијаспора“, изјави Дамјан Манчевски од СДСМ.

Факт е дека ВМРО има далеку подобра партиска инфраструктура низ земјите во кои живеат иселениците и тие кои подолго време не се матичната земја ја доживуваат оваа партија како симбол на македонскиот национализам, а СДСМ ги носи стереотипите на „комуњарска“ партија чии активисти и политичари пред независноста учествуваа во „задушувањето“ на македонскиот дух. Без оглед на двете спротиставени идеологии и политички стереотипи со кои иселениците со силно обремените, мора да се посочи дека гласот на дијаспората мора да биде еднакво претставен и да има иста тежина како и на гласачите од Македонија. Затоа треба да се направат сите напори за слободно излегување на избори на дијаспората без државни инструкции, контрола над процесот, транспарентност и достапност на секој гласач.

Автор

Христијан Станоевиќ