Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Единствен излез од кризата е формирање нова влада

СДСМ: Единствен излез од кризата е формирање нова влада

СДСМ во денешното соопштение посочува дека единствениот излез од политичката криза е согласно Уставот и законите парламентарното мнозинство да ја формира новата влада.

– Легитимното парламентарно мнозинтво од 67 пратеници избрани од над 700.000 граѓани, многу брзо ќе избере нов претседател на Собранието, а потоа и нова Влада, согласно Уставот, Деловникот и законите. Тоа е единствениот легитимен и демократски излез од кризата што ја прави опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Порачуваме на институциите дека се должни да овозможат мирен трансфер на власта, се наведува во соопштението.

Според СДСМ, мора да се почитуваат Уставот и законите, а граѓаните да не бидат, како што се вели, заложници на мала криминална група во раководството на ВМРО-ДПМНЕ која ги блокира процесите и сака да ја изолира државата.

СДСМ апелира и до граѓаните да не подлегнуваат на сценарија на разгорување на тензии.