Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Богов призна дека економијата не може да се развива поради кризата

СДСМ: Богов призна дека економијата не може да се развива поради кризата

СДСМ денеска преку соопштение оцени дека економската ситуација во која се наоѓа Македонија е лоша и дека тоа го потврдил и гувернерот на Народната банка Димитар Богов, кој признал дека економијата не може да се развива поради политичката ситуација.

– Светска банка во последниот извештај алармираше дека Македонија оваа година ќе биде земја со проектиран најнизок економски раст од само 2,8 проценти во регионот. Министерот за финансии Кирил Миноски е принуден со манипулации да претставува непостоечка реалност, се наведува во соопштението на СДСМ.

Последиците, како што се наведува во соопштението на СДСМ, се слаба побарувачка и пад на трговијата на мало за 2.5 проценти, пад од 1,9 проценти на индустриското производство и пад од 24 проценти на градежништвото, во јануари и февруари годинава во однос на истиот период минатата година.

– Ова се причините поради кои домашната и меѓународната јавност бараат итно да се овозможи формирањето на новата влада. Затоа е потребно ВМРО-ДПМНЕ да престане да ги блокира демократските промени, се вели во соопштението на СДСМ.