Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСамо Мицкоски ќе кандидат за лидер на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот

Само Мицкоски ќе кандидат за лидер на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе биде единствениот кандидат за лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вонредниот конгрес на партијата што ќе се одржи утре и задутре во Валандово.

Денеска пред истекот на рокот во 15 часот во ВМРО-ДПМНЕ пристигнале две кандидатури за лидер на партијата, но била прифатена само кандидатурата Мицкоски, бидејќи другата не била валидна, потврдуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Пристигнаа две кандидатури, едниот кандидат сам објави дека ќе се кандидира. Предмалку заврши и состанокот на правната комисија и беше утврдено дека само едната кандидатура е валидна – изјавил директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски за „Фокус“.

Тој не сакал да го открие името на кандидатот чија кандидатура не била прифатена.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, попладнево на „Фејсбук“ ја објави својата кандидатура за претседател на партијата во пресрет на вонредниот конгрес што ќе се одржи утре и задутре во Валандово.

Мицкоски вели дека ова за него лично е „една од најсериозните одлуки во животот“ и дека кандидатурата ја поднесува со „чиста мисла, со голема верба, и со отворено срце“.