Saturday, May 11, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСАД повлече воена помош за Пакистан

САД повлече воена помош за Пакистан

Пентагон нема да даде 300 милиони долари во воена помош за Пакистан бидејќи тамошните власти не донеле соодветни мерки против милитантната мрежа Хакани. Помошта беше повлечена и покрај значајните чекори што ги презеде пакистанската армија во борбата против тероризмот од 2014 година, изјави портпаролот на Пентагон Адам Стумп на 4 август.

САД ја прогласи мрежата Хакани за терористичка организација. Мрежата е активна и во Авганистан и Пакистан. САД и одобри вкупно една милијарда воена помош на Пакистан, а траншата од 300 милиони долари која треба Пакистан да ја добие годинава ќе биде одобрена само ако Пакистан постигне задоволителен напредок во однос на групата. Крајниот рок за исплата на парите беше 30 јуни, но помошта не беше доделена.