Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСАД испорача воени авиони на Ирак

САД испорача воени авиони на Ирак

САД денеска го испорачаа на Ирак првиот контингент нарачани борбени авиони од типот Ф-16, соопшти канцеларијата на премиерот Хајдер ал Абади. Во ирачката воздушна база Балад, која се наоѓа 70 километри северно од Багдад, денеска на пладне по локално време слетаа четири авиони, потврди претставник на ирачките воздушни сили.

Ирак нарача 36 авиони Ф-16 со вкупна вредност од 65 милиони долари, но првата испорака на авионите беше одложена поради безбедносни причини, откако џихадисти од групата ИД заземаа големи области на Ирак минатата година. Испораката на американските воени авиони доаѓа непосредно по најавената воена операција за протерување на ИД од западната покраина Анбар. Групата ИД на почетокот на 2014 година зазема големи делови на провинцијата Анбар, а во мај влезе и во главниот град Рамади.