Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРуски ловец Су-27 пресретнал американски разузнувачки авион

Руски ловец Су-27 пресретнал американски разузнувачки авион

Пентагон соопшти дека Руски борбен авион сухој Су-27 пресретнал американски разузнувачки авион во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море. Рускиот авион го пресретнал на „небезбеден и непрофесионален начин“ извидувачкиот авион на американските воздухопловни сили кој летал во меѓународниот воздушен простор над Балтикот.

Во соопштението на Пентагон се вели дека Американскиот авион оперирал во меѓународниот простор и во ниту еден момент не навлегол во руска територија и додаде дека инцидентот се случил во четвртокот.

Портпаролот на Пентагон, Лора Сиал соопшто дека ваквото небезбедно и агресивно пресретнување во воздух има потенцијал да нанесе сериозна штета и повреди на екипажот на авионот, како и непотребно да ги засили тензиите меѓу земјите.

Истата додаде дека „Во текот на минатата година имаше повеќе инциденти во кои руски воени авиони приоѓаа доволно блиску до нашите летала и бродови за да предизвикаат загриженост за безбедноста, и ние сме многу загрижени од ваквото однесување“.

Европската команда на американската војска соопшти дека руски авиони претходната недела неколку пати го надлетаа американскиот разурнувач УСС Доналд Кук, а во вторникот дојде до инцидент во кој руски Су-24 пролета на само девет метри над американскиот воен брод во „симулиран напад“.

Инаку, руското министерство за одбрана ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека проценката на Пентагон е неточна.

Потпаролот на министерството генерал-мајорот Игор Конашенков изјави дека на 14 април, воздухопловните одбранбени сили над Балтикот детектираа неидентификувана воздушна мета која брзо се приближувала кон руската граница, а ловец Су-27 на Балтичката флота бил испратен да ја идентификува метата.

Исто така, русикиот генерал истакна дека: „Летот на рускиот авион беше во согласност со меѓународните стандарди за користење на воздушниот простор. Не беше предизвикана каква било вонредна ситуација“.