Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРусите наводно го уапсиле лидерот на Исламска држава

Русите наводно го уапсиле лидерот на Исламска држава

Разузнавачката служба на ирачкото Министерство за одбрана соопшти дека лидерот на Исламската држава Абу Бакр ал Багдади се уште е жив и оти се наоѓа во Сирија, додека ирачкиот сајт што е поврзан со шиитската милиција тврди дека Ал Багдади е уапсен во северна Сирија при операција што ја организирале руските разузнавачки служби, откако лидерот на ИД на 2 април побегна од ирачкиот град Мосул.

Претходно месецов, премиерот на Ирак, Хајдер ал Абади изјави дека Ал Багдади одамна побегнал од Мосул, а во меѓувреме еден од командантите на ирачките сили кои се борат против исламистите наведе дека Ал Багдади веројатно се крие во близина на сириската граница.

Ова не е прва информација за апсењето на лидерот на ИД, кого медиумите во повеќе наврати го прогласија за мртов.