Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРусите едногласни, немаат ништо против на целосно исклучување на интернетот во земјата

Русите едногласни, немаат ништо против на целосно исклучување на интернетот во земјата

Серускиот центар за истражување на јавното мислење спровел истражување чии резултати покажале дека 58 проценти од руските граѓани не би имале ништо против доколку би се исклучил интернетот во целата земја, додека 42 проценти од испитаниците веруваат дека странски држави го користат интернетот за да ѝ наштетат на Русија.

Останатите резултати од спроведената анкета си сублимираат и следниве податоци: 49 проценти од испитаниците сметаат дека информациите на интернет треба да се цензурираат, додека 81 отсто не се задоволни од повиците на социјалните мрежи за протести против руската влада. За 60 проценти од граѓаните најважен извор на информација се државните телевизии, за шест проценти е радиото, за пет проценти весниците, а за другите регионалните медиуми.

Од граѓаните кои не користат интернет 39 проценти сметаат дека тој им штети на семејните вредности, а 33 проценти на политичката стабилност.