Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРусија има одговор на впловувањето на американскиот разурнувач во Црното Море

Русија има одговор на впловувањето на американскиот разурнувач во Црното Море

Денес од Руското министерство за надворешни работи беше соопштено дека на влегувањето на американскиот воен брод во Црното Море ќе се одговори со соодветни мерки, додавајќи дека американскиот потег има за цел кревање на тензиите пред скорешниот самит на НАТО во Варшава.

поред руските медиуми, разурнувачот УСС Портер впловил во Црното Море пред неколку дена во рамки на рутинско разместување на силите, но тој потег ја разгневи Москва бидејќи бродот од неодамна е опремен со нов ракетен систем

„Нормално, тоа не е со наш благослов и несосмнено дека на тој потег ќе следат одредени мерки“, изјави Андреј Келин од руското министерство за надворешни работи.