Sunday, May 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРусија и САД склучија договор за избегнување инциденти во Сирија

Русија и САД склучија договор за избегнување инциденти во Сирија

Руското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека Русија и САД се договориле дека е потребно да ја подобрат координацијата за да се избегнат инциденти за време на воени мисии во Сирија.

Воени официјални претставници од двете држави постигнаа договор за време на видео конференција, се вели во соопштение. Пeнтагон вчера соопшти дека истражува руски воздушни напади извршени во минатата недела врз позиции на сили на сириската опозиција поддржани од САД.

ИЗВОР: МИА