Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРоковите течат, никој не кажува што доколку не се формира парламентарно мнозинство.

Роковите течат, никој не кажува што доколку не се формира парламентарно мнозинство.

Ниту еден експерт по уставно право, не може да каже кои се следните  чекори, доколку и по завршување на уставниот рок од 10 дена, за формирање  на ново парламентарно мнозинство се пробие и не се испочитува. Од „Бихаќка“, постојано потенцираат дека Зоран Заев е мандатарот и идниот премиер, и дека ќе предводи четиригодишна влада, на просперитет, напредок и стабилност. Влада која Македонија ќе ја предводи кон ЕУ, и кон реформирање на судскиот систем. Но од СДСМ не кажуваат, кога Зоран Заев ќе го добие мандатот?

 

Дали по завршување, т.е истекот на рокот од 10 дена, кој согласно уставните норми е предвиден, за првиот човек на државата Стево Пендаровски да му го додели на оној кој ќе му обезбеди парламентарно мнозинство? Голема неизвесност околу толкувањето за „рокот од 10 дена“, внесе и досегашниот собраниски спикер Талат Џафери, кој нагласи дека рокот од 10 дена за доделување на мандатот тече од моментот кога ќе се избере претседател на Собранието, а не од 5.август. На 4 август, беше верификуван мандатот на новите парламентарни избраници,но не беше избран претседател на Собранието. Претседателот Стево Пендаровски, не се согласува со ставот на првиот човек на Собранието, истакнувајќи дека согласно уставните норми, рокот тече веднаш после конститутивната седница.

 

Професорите по Уставно право молчат, што доколку ниту една политичка коалиција не создаде парламентарно мнозинство во предвидениот рок, кои се идните потези кои ќе следат, се со цел да се запазат уставните прерогативи?! Дали ќе мора да се распишат и одржат нови избори, или повторно ќе се прави „правна гимнастика“, и ќе се бараат нови излезни решенија, за да не западне Македонија во нова уставноправна и политичка криза е прашање на кое, засега немаме одговор. Искуството од минатото, ни вели дека политиката кај нас, често пати го крои правото, и го занемарува доколку тоа и е од корист во даден момент. Тоа не е одлика на земја членка на НАТО, и земја која треба да ги отпочне преговорите со ЕУ.Бидејќи тоа е секој втор збор, излезен од устите на политичарите. Така и треба да се однесуваат и  на практика, европски, не само декларативно.