Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРиба им скокна во чамецот и ги преплаши најголемите светски лидери

Риба им скокна во чамецот и ги преплаши најголемите светски лидери

За време на ноќното крстарење по езерото во градот Хангџоу, кое го организираа домаќините на самитот, со цел да им овозможат релаксација на лидерите од Г-20, се случи една необична случка кога риба скокна во еден од чамците и ги шокира официјалните лица, а италијанскиот премиер Матео Ренци за малку ќе завршеше во водата.

Всушност во еден од чамците уживаа италијанскиот премиер Матео Ренци, британската премиерка Тереза Меј, која разговараше со канцеларката Ангела Меркел и нивниот австралиски колега Малколм Турнбул, кога една голема риба скокна од водата право меѓу нив.

Следеше турканица меѓу лидерите, кои се обидуваа да не ги наводенат своите вечерни костуми.

Ренци ја шутна рибата и се повлече назад, јавија британските медиуми.

Случката за малку ќе предизвикаше дипломатски инцидент, но Ренци успеа да остане на нозе, пишува „Индипендент“.