Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРешение за сѐ во животот, па и во политиката е практикувањето демократија, порача Билд

Решение за сѐ во животот, па и во политиката е практикувањето демократија, порача Билд

Без конкретна порака, дојден сум овде да ги ислушам ставовите на политичките лидери, изјави шведскиот дипломат Карл Билд по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, додавајќи дека решение за сѐ во животот, па и во политиката е практикувањето демократија.

„Вообичаено доаѓаме и слушаме, ги сумираме фактите и потоа ги формулираме политчките препораки за оние кои ги носат европските одлуки. Овде сме денеска, вечерва заминуваме за Белград, а потоа се враќаме дома. Постои голем ангажман околу Западен Балкан и прашањата за влез во ЕУ. Пристапот во ЕУ е едно од важните прашања во регионот. Важно е да се следат настаните за да можат да се формулираат препораките“, изјави Билд.

Билд ќе се сретне и со лидерите на ВМРО- ДПМНЕ, ДУИ и на БЕСА.